Sunday, May 31, 2015

СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНЕЦ

Живееме на периферија од Европа (иако во центарот на Балканот), но живееме на периферија затоа што сме отфрлени од другите. Живееме во место кое изобилува со природни богатства, но без домашни богатства за преживување (пари). Живееме во барикада (како берлинскиот ѕид) и со секој излез од државава не враќаат од таму каде што тргнавме. Можеби имаме право 3 месеци да престојуваме во друга држава, но и некои држави прават проблем за пасошот и нашиот идентитет.

Ни прават проблем зашто сме од Македонија, ни прават проблем зашто сме поган народ, не мразат затоа што ние сме дружељубив народ, плукаат по нас бидејќи немаат по кого, прават СЕ против нас- затоа што тие така сакаат. А ние кутрите, како ќе ни наредат- така правиме.
Ако ни речат нема ЕУ-тогаш нема. Ако ни речат дека сме прости и немаме квалитетно образование- повторно преќутуваме. Ако речат дека сме идиоти од прв до последен- повторно премолчуваме. Речиси секој има изградено став дека традицијата ни налага да спуштиме глава пред моќта (наведната глава, сабја не сече!). Но, тоа не треба да биде предуслов за современиот Македонец. Најголема пропаст е кога сами се сожалуваме, а не менуваме ништо и не превземаме за доведување до промена.
Сакаме високи плати-треба да се избориме. Сакаме повеќе слобода-треба да се избориме. Сакаме нешто што ни следува- треба да го земеме.
Според мене треба во образовниот процес (основно образование) да ги воведат граѓанските права кои ги ужива граѓанинот на РМ (освен слобода, живот и сопственост и другите права).

Единствениот виновник за ваквата ситуација е власта и никој друг. Единствени манипулатори во ваква тешка состојба на граѓаните се властодржците. Тие доведоа до ова ниво, каде луѓето на "црно" се обидуваат да избегаат некаде далеку (со желба никогаш да не се вратат).

Но, да не должам многу.
Современиот Македонец пред се, плива во долгови, неплатени рати, огромни камати, итн.
Современиот Македонец кој има 200 денари во џеб, се смее на келнерот- зошто е келнер.
Современиот Македонец и без да види, доволно е да слушне за да знае се.
Современиот Македонец е поугнетен повеќе од било кога.
Современиот Македонец го губи својот идентитет на сметка поради срамот да се искаже дека е Македонец.
Современиот Македонец му врти грб на својот роднина/пријател кога му е најтешко.
Современиот Македонец го бара стариот пријател само кога има потреба од него.
Современиот Македонец не гледа низ призма на пријателство, туку низ призма на материја.
Современиот Македонец легнува доцна и се буди со цел дека преку ноќ ќе стане богат.

Значи, Македонецот во XXI век, не е ништо повеќе од Македонците од почетокот на XX век. Државата ни е слободна (иако турски серии не уништија), сепак сите сме прогонети ако имаме различен јавен став од власта. Иако сме слободни, ние не припаѓаме кон ниту еден сојуз (ЕУ; источноазиски режим), па во тој случај ако утреден настаниве во светов доведат до некоја војна со голем размер, ние ќе ја изгубиме и оваа територија и ќе станеме вазали на нашите соседи или пак ќе бидеме во составот на Илирида, па ќе молиме за да добиеме некое основно човеково право. Но, доцна ќе ни биде тогаш.. Ако војната се случи понатаму и ние тоа не го видиме, тогаш ќе го видат и доживеат оние после нас. Ќе бидат третирани како Македонците во Егејскиот, Пиринскиот или Вардарскиот дел пред и по светските војни, но нема каде да одат.

Ни бега возот, наместо да го стигнеме, ние сеуште стоиме на перонот број 0, не знаејќи кого чекаме и зошто чекаме.

6 April,2015

1 comment:

  1. Еве ги деталите за е-пошта за контакт со г-дин Бенџамин, Lfdsloans@outlook.com. / Или Whatsapp +1 989-394-3740 што ми помогна со заем од 90.000,00 евра за да го започнам мојот бизнис и многу сум благодарен, навистина ми беше тешко тука обидувајќи се да направам начин како самохрана мајка не е. лесно со мене, но со помош на г-дин Бенјамин стави насмевка на моето лице, како што гледам како се развива бизнисот и се развива. за финансиска помош или поминување низ тешкотии со таму бизнис или сакате да започнете бизнис проект може да го видите тоа и да се надевате дека ќе излезете од неволјите .. Ви благодарам.

    ReplyDelete