Saturday, February 13, 2016

КАТИЦА ЈАНЕВА во стилот на ХИЛМИ ПАША

    Во периодот на 19/20 век, при распадот на Турската Империја, големите сили од Европа вршејќи притисок над султанот, било прокламирано султанското ираде кое требало да спроведе низа реформи во Европска Турција (околу муслиманите и христијаните пред се, како и подобрување на животот во Империјата), така што бил создаден Специјален инспекторат, на чело со Хилми Паша.
 Хилми, не само што не успеал да ги спроведе реформите, туку довел до зголемување на тензијата во Империјата помеѓу населението (палел села, убивал луѓе, со цел да доведе до подобра состојба во Империјата и да може да ги спроведе реформите).
Но, различните националности, се обидувале да ги остварат своите големи планови, па сето тоа резултираше со пропаст на Империјата и почеток на многубројни војни.

    Денес, еден век подоцна, во Македонија имаме слична ситуација.
Поради големата политичка криза во земјава, со посредство на меѓународниот фактор, четирите лидери на најголемите политички партии кои имаат најмногу пратеници во Собранието, го создадоа Специјалното Јавно Обвинителство, на чело со Катица Јанева.
Можеби нејзината работа е многу покомплицирана од онаа на Хилми, затоа што Катица се занимава со случаите за изборните грабежи, ПУЧ, итн, додека Хилми требал само да ги спроведе реформите кои му биле ставени на тацна.

   Бидејќи Катица е избрана од Големата коалиција, значи таа има најголем легитимитет, бидејќи ги претставува ставовите пред се на Македонците и Албанците, воедно и на другите малцинства. Секоја нејзина одлука во овој случај треба да биде легитимна. Секоја нејзина идеја за демократизација треба да биде легитимна.
Но, што ќе се случи ако и Катица како Хилми, не може да го оствари она што го сака (обелоденување на сите направени криминали), доколку разните партии во државава се обидуваат да ги остварат само нивните интереси и нивното членство, и доколку ставовите на Катица се обратнопропорционални од нивните ставови?
- Според мене, политичката криза ќе се продлабочи, немирите ќе земат поголем замав, можно е одлуките на Катица да резултираат и со жртви во Македонија, протестите да добијат масовен карактер и од мирни да станат насилни протести (без разлика кој ќе протестира).
Политиката на потценување и угнетување ќе добие друг карактер, а можно е и зголемено странско учество во преговорите за решавање на политичката криза, кои сигурно нема да бидат решени ниту со избори, ниту со потпишување уште 100 договори.
Одлуките за притвор на разни сегашни и поранешни државни функционери, може да предизвикаат повторно терористички напади на маргините околу Скопје, или пак во Тетово, Гостивар и Куманово, се со цел да се оттргне јавноста од сето она што треба да следува.